Откриена е тајната: Зошто некои пуканки пукаат, а некои не

пуканки
Фото: Pexels

Признајте дека ве нервира кога со омилениот филм ќе решите да си подготвите чинија вкусни пуканки, а дел од нив не пукаат, туку остануваат да лежат на дното од тавата.

Освен што нема да ја добиете посакуваната количина, често фрустрирачки е да се пребира по зрната и да се бараат пуканки.

пуканки

Зошто се случува ова и како е можно едни зрна да испукаат, а други не, иако се готват во ист сад и на иста температура, објаснува физичарката и авторка на книгата „Бура во чаша: Физика во секојдневието“, Хелен Цезерски.

– Причината поради која зрното пченка пука е тоа што неговата лушпа е водоотпорна и внатре има мала количина вода, а повеќе скроб. Кога ќе се загрее зрното доволно, во внатрешноста притисокот и температурата растат и го варат скробот, а водата испарува. Како што испарува водата, така почнува да се шири, а резултат на тоа е некои зрна, односно лушпите од зрната тоа не можат да го поднесат и притисокот расте, додека пукне зрното – вели Хелен, објаснувајќи дека целиот тој сварен скроб е всушност она што им дава интересен облик на пуканките.

пуканки

Причината на непукањето кај некои зрна е во тоа што тие лежат на дното од тавата и водата може да истече од нив во текот на загревањето, а тоа нема да создаде притисок внатре. Скробот е сварен, ама останува во внатрешноста и тоа зрно никогаш нема да стане пуканка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот