Откриена бизарната причина зошто Ким Јонг Ун патува секаде со сопствен тоалет!

ПРОФИМЕДИА

Без разлика на тоа дали се состанува со Доналд Трамп во Сингапур или гледа ракета како се упатува кон Јапонското море, Ким Јонг Ун не ја напушта претседателската палата без својата лична ВЦ-шоља.

Севернокорејскиот диктатор не верува никому, па секогаш патува со неколку ВЦ-шољи, вклучувајќи ја и онаа вградена во неговиот блиндиран мерцедес и други специјални возила дизајнирани за патување по планински терени или снег, додека на многумина жители во неговата држава им недостасуваат овие општи работи.

Ким Јонг Ун / Фото: ЕПА-ЕФЕ

Не е дека тој има страв од јавни тоалети, туку сето тоа е план како неговите фекалии не би отишле во „погрешни раце“, пренесува Мирор.

Извори блиски на владеечката династија рекле дека би било незамисливо врховниот водич да користи тоалет како и другите Корејци, бидејќи неговата столица не може да се остави некаде туку така, бидејќи „содржи информации за неговата здравствена состојба“.

Секој кој би бил фатен во користење на некој од неговите тоалети би можел да биде осуден на смрт, дури и ако човекот е од висока доверба кај Ким.

Ким Јонг Ун / Фото: ЕПА-ЕФЕ

Луксузниот мерцедес во конвојот од возила на Ким во Сингапур, каде во јуни 2018 година се сретна со американскиот претседател, имал вградено тоалет во случај да не го „повика природата“ во движење. Ким исто така има сопствен тоалет и во своето силно опремено возило кое го користи за патување околу Северна Кореја и до оближните одредишта како што се Кина, Русија или Ханој, каде во февруари 2019 година се сретна со Трамп.

Што е сигурно – е сигурно

Рано годинава имаше сомнежи дека Ким е мртов или дека пати од сериозни здравствени проблеми откако со недели не се појави во јавноста, а потоа наеднаш се појави во посета на една фарма.

Дали имал сериозни потешкотии со здравјето или земал лекови, може да се открие со преглед на неговата столица поради што насекаде патува со сопствен тоалет.

Во 2015 сајтот Дејли НК навел дека Ким патува со подвижен тоалет вграден во едно од возилата во секој конвој секој пат кога врши инспекција на воените бази или фабрики.

„Тоалетот не се наоѓа само во личното возило на Ким Јонг Ун, туку се присутни во секое превозно сретство со кое патува тој, без разлика колку се тие мали или големи автомобили, дури и специјални возила наменети за планина или снег“, рекол извор за сајтот.

ПРОЧИТАЈТЕ:

Мистериозниот воз на Ким Џонг-ун: Секогаш се вози со девици и јаде со сребрени стапчиња

Ким Џонг-ун и севернокорејската традиција на исчезнување од јавноста

Единствено нејзе Ким Џонг Ун ѝ верува: Која е Ким Џо Џонг и дали таа ќе биде следната 
владетелка на Северна Кореја?

Мистеријата за децата на Ким Џонг-ун: Никој не знае колку се, а Денис Родман ги видел 
и еве што вели за нив

Сопругата на Ким Џонг Ун е жена без минато: На неа тренира дисциплина, а мора да ги трпи и неговите љубовници (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот