Откриен суперносител во Чикаго: Сѐ почна на погреб, па продолжи на роденден – вака се пренесуваше коронавирусот

epa08337712 An ambulance transporting a patient arrives at the Samaritan's Purse field hospital which has been set up in Central Park across the street from the Mount Sinai Hospital in New York, New York, USA, 01 April 2020. Today is the first day that the 68-bed volunteer facility, which is run by Rev. Franklin Graham's charity organization, is starting to take patients to help alleviate the strain on the Mount Sinai Hospital. New York City is still the epicenter of the coronavirus outbreak in the United States and there are continuing concerns that the health care system will be unable to volume of COVID-19 patients. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Кон крајот на февруари кога САД уште веруваа дека го оневозможиле продорот на новиот коронавирус, жител на Чикаго отишол на погреб, а три дена подоцна на прослава на роденден со семејството и роднините, незнаејќи дека боледува од Ковид-19.

На тој начин тој покренал ланец на пренос на коронавирусот кој заразил вкупно 15 лица, од кои три починале, објави американскиот Центар за контрола и спречување на болести (CDC).

Овој случај е пример колку е пресудно придржувањето кон препораките за социјално дистанцирање и забраната за движење, истакнува Центарот, зошто детално е утврдено како само едно лице заразило толку голем број на луѓе.

Сѐ почнало кога примарниот носител на вирусот ноќта пред погребот бил на вечера со двајца пријатели на која се јадело од заеднички порции, кои биле порачани од достава.

Во текот на вечерата која траела околу 3 часа и погребот кој траел околу два часа, а на кој луѓето од дома донеле сопствени јадења, примарниот суперносител, според сопствените зборови, изразувајќи сочувстство прегрнал четири лица меѓу кои и две со кои вечерта пред тоа се нашол на вечера.

Во следните два до шест дена, три од лицата развиле симптоми на Ковид-19, меѓу кои и едно лице кое било хоспитализирано, па починало еден месец подоцна. Другите две незавршиле во болница, се опроавиле во домашно услови.

Три дена по погребот примарниот носител на вирусот отишол на роденденска забава на која имало 9 членови од неговото семејство и во текот на следните три часа бил во близок контакт со сите гости.

Центарот наведува дека овој случај отсликува колку вирусот е заразен во моментот додека научниците сѐ уште се обидуваат да ги сфатат начините на неговото пренесување.

На почетокот на пандемијата се сметаше дека САРС-КоВ-2 е позаразен од предизвикувачот на грип, а помалку од вирусот кој предизвикува сипаници, но сега научниците повеќе не се сигурни во тоа. Сега се верува и дека многу голем процентот на заразените лица без симптоми, меѓу 25 и 50 отсто, што е повик до сите лица да си го покријат лицето кога ќе излезат од својот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот