Откриен планот на Барселона за зимскиот преоден рок

epa08781771 Barcelona?s Ousmane Dembele (4-L) celebrates with team-mates after scoring the 0-1 goal during the UEFA Champions Legue soccer match between Juventus FC and FC Barcelona, in Turin, Italy, 28 October 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Привремената управа на Барселона на состанокот со тренерот Роналд Куман разговарале и за зимскиот преоден рок и евентуалните засилувања.

На почетокот од состанокот управата му објаснила на тренерот дека клубот нема пари за големи трансфери во јануари и дека ќе се обиде бесплатно или со минимално обесштетување да дојде до големите желби на Куман.

Весникот „Мундо Депортиво“ пишува дека планот на Барселона за јануари е да ги реализира трансферите кои не успеа во последните денови од летниот преоден рок, односно дефанзивецот на Манчестер сити кој е дете на каталонскиот тим, Ерик Гарсија како и напаѓачот на Олимпик Лион, Мемфис Депај.

Планот на Барселона е во наредните два месеци да имаат секојдневни контакти со агентите на играчите за да ги уверат дека и Гарсија и Депај ќе имаат важна улога во тимот. Вториот чекор ќе биде на 1. јануари да им понудат договори на двајцата фудбалери, по што ќе стапат и во контакт со нивните екипи.

Во Барселона се надеваат дека и Манчестер сити и Олимпик Лион ќе изберат да ги продадат играчите за минимално обештетување отколку во јуни идната година и Гарсија и Депај да си заминат бесплатно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот