Откриен оригиналниот наслов на најголемиот хит на групата „Квин“

Фото: Profimedia/ Instagram

Помеѓу повеќе од 1.500 предмети од приватната колекција на пејачот Фреди Меркјури, кои ова лето ќе бидат продадени на аукција, пронајден е оригиналниот ракопис на песната „Bohemian Rhapsody“, еден од најголемите хитови на групата „Квин“, пишува „Гардијан“.

Имено, откриено е дека песната првично требала да го носи насловот „Mongolian Rhapsody“. Фронтменот на групата „Квин“ ја напишал песната под тој наслов, но подоцна ја променил со добро познатиот наслов. На една од 15-те страници на ракописот, може да се забележи дека тој го напишал насловот „Mongolian Rhapsody“, за потоа да го пречкрта зборот „Mongolian“ и напишe „Bohemian“.

Фото: Instagram/ Sothebys

Меркјури, поинаку го замислил и стихот „Мамо, штотуку убив човек“, кој првично требал да гласи: „Мамо, почна војна, морам да заминам вечерва“.

Инаку, песната „Bohemian Rhapsody“, издадена во 1975 година е трет најпродаван сингл во Велика Британија на сите времиња, а ракописот на престојната аукција се проценува на повеќе од еден милион фунти.

Приватна колекција од 1.500 предмети на Фреди Меркјури оди на продажба

ФОТО | „Најтесните и најкратките“ кожени шорцеви на Фреди Меркјури продадени за 18.000 фунти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот