Откриен нов начин на зараза: Девет луѓе заболеле од еден човек, а сите биле заедно на едно ризично место

Фото: Unsplash

Текстот кој ќе биде објавен во магазинот „Emerging Infectious Diseases“, кој го издава американската федерална здравствена агенција Центар за контрола и превенција на болести, тврди дека коронавирусот во еден кинески ресторан од едно лице се проширило на девет други заради системот за климатизација.

Меѓутоа, никој од останатите 81 гостин на ресторанот не е заразен со коронавирусот.

Во текстот е анализиран инцидент кој во јануари се случил во ресторан во кинескиот град Гуангжоу во кој пристигнала фамилија од Вухан.

Научниците велат дека еден член од таа фамилија бил заразен, но дека немал никакви симптоми и дека по две недели девет лица што биле во тој ресторан заболеле од Ковид-19. Меѓу нив биле членови на фамилијата од Вухан и уште две групи кои седеле на масите покрај нив.

Масите на кои седеле лицата кои се заразиле се наоѓале на еден метар оддалеченост од масата на која седела фамилијата од Вухан, а научниците додаваат дека ресторанот немал прозори. Во текстот пишува дека заразата во ресторанот најверојатно се проширила преку капки.

Меѓутоа, капките кои човекот ги произведува со дишење, зборење, кивање и кашлање во воздухот остануваат многу кратко и преминуваат релативно мало растојание, па научниците заклучиле дека системот за климатизација го проширил вирусот во ресторанот.

„За да се спречи ширењето на вирусот во рестораните, препорачуваме да се засилат системите за следење на температура, зголеми растојанието меѓу масите и подобри вентилацијата“, стои во текстот.

Овој текст доаѓа во момент кога не постои консензус за тоа дали рестораните и кафулињата повторно би можеле да бидат отворени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот