Откриен голем гаф со кој Меган го засрамила принцот Хари

Profimedia

Новата книга за животите на членовите на британското кралско семејство наведува дека Меган Маркл го засрамила принцот Хари пред семејстворо и тоа на венчавката на принцезата Еугенија.

Меган Маркл го довела принцот Хари во многу непријатна ситуација кога за време на венчавката на принцезата Еугенија открила пред сите дека е бремена, па така направила огромен општествен гаф и ги разбеснила невестата и нејзината мајка Сара Фергусон, пишува во „Royals At War“, новата книга за животите на членовите на кралското семејство на Дилан Хауард и Енди Тилет.

„Меган избрза, одлучувајќи дека тоа е идеален момент да објави дека таа и Хари го чекаат своето прво дете. Тоа беше голема грешка, би била дури и во случај да не беа членови на кралското семејство. Го украдоа сето внимание од невестата Еугенија. Таа беше бесна, како и нејзината мајка Сара Фергусон“, тврдат авторите и додаваат дека на принцот Хари поради тоа му било многу непријатно.

Profimedia

Со остатокот од светот веста за бременоста ја споделиле во пресрет на првата кралска турнеја по Австралија и Нов Зеланд. Тогаш наидоа на критика од обожавателите токму поради терминот за кој се одлучил да објават дека го чекаат првото дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот