Откриен човек кој работел за германската војска, а тајните документи ги давал на иранското разузнавање

Германското обвинителство го обвини Абдул Хамид С, кој работел за германската војска, за шпионажа за иранските разузнавачи.

Во изјавата на обвинителството се вели дека Абдул Хамид С, кој има германско и авганистанско државјанство, е обвинет за „особено сериозни случаи“ за предавство и кршење на законот за тајност во 18 случаи.

Осомничениот за германската армија работел неколку години како преведувач и советник. Тој беше уапсен на 15 јануари и оттогаш е во притвор.

„Шпигел“ претходно објави дека осомничениот имал пристап до класифицирани документи, вклучувајќи ги и оние поврзани со мисијата на германските сили во Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот