Откорнати палмите во Охрид, на ред се билбордите

Справувањето со проблемите нотирани во Извештајот на реактивната мисија на УНЕСКО, кои се закануваат Охридскиот регион да го стават на листа на загрозени подрачја, започна со отстранување на палмите кои пред неколку години беа засадени во рамки на акцијата „Ден на дрвото“. Се работи за неавтохтони видови, што беше посочено од УНЕСКО.

– Дадов налог да се отстранат сите палми, a на нивно место ќе бидат засадени садниците предвидени за улицата „Јане Сандански“. Со оглед дека реконструкцијата на оваа улица ќе биде последа бидејќу таму се предвидени градби кои не задираат во проблемот со УНЕСКО, нема да се реконструира дрворедот таму сега, туку по завршување на сите инфраструктурни интервенции за да нема крпеници. Дрвата предвидени за таму ќе бидат засадени на место на палмите – изјави градоначалникот Константин Георгиески.

Една од препораките во извештајот кои ги добивме од УНЕСКО, а кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, беше и внимателно зачувување на автентичноста и интегритетот, на архитектонската и урбанистичката кохерентност на Охрид. Притоа од УНЕСКО препорачуваат да се избегнува користење на форми и материјали кои не се карактеристични за подрачјето и флората, како што беа палмите засадени пред неколку години, но и да се избегне користење на големи комерцијални билборди со кои се нарушваат визурите на градот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот