Откорната барокната фасада на МЕПСО (ГАЛЕРИЈА)

Ветерот со брзина од 100 километри на час вчера корнеше дрвја, покриви од згради и оштети фасади на многу објекти. Ветрот не ја поштеди нуту барокната фасада на МЕПСО, како и другите објекти од проектот Скопје 2014.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук утрово напиша дека ќе има одговорност за лудилото, алудирајќи на неквалитетно изградените објекти во проектот Скопје 2014.

-За Скопје 2014 …Причина повеќе за оние кои се сомневаа (за жал ги има, од сите политички провиниенции) дали треба да се реши Скопје 2014. Да се разбереме. Скопје 2014 мора да се реши. Сега и веднаш. Најбрутално. На истиот начин на кој што го силуваа нашиот град. Почнуваме после изборите. И да !!! Конечно да (ќе) има одговорност за ова лудило- напиша градоначалникот на Петре Шилегов.

Во Скопје ветерот што синоќа дуваше бил со брзина од над 100 километри на час, информираше утринава Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните и северните делови од државата ветерот бил со брзина над 70 километри. Во текот на ноќта и изутринава претежно во западните делови имало врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег каде се формирала снежна покривка и имало појава на снежни наноси.

Полни раце работа деновивне ќе има МЕПСО, со оглед на тоа што и нивната барокна фасада претрпе серизони штети од вчерашното невреме.

МЕПСО
МЕПСО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот