ОТКИНАТА РАКА, УНИШТЕНО ЛИЦЕ: Дублерката на Мила Јововиќ тужеше за сите трагедии

мила јовович
Flickr/Comic Con

Оливија Џексон ѝ беше дублерка на Мила Јововиќ на сетот за филмот „Притаено зло“.

Таа во 2015 за време на снимањето доживеала сериозен инцидент. Од нејзе било побарано да изведе сложена сцена и со мотоцикл да се движи кон камерата.

Но, се случила техничка грешка и се судрила со камерата. Кранот кој требало да ја подигне откажал и не ја кренал. При тој инцидент Џексон останала без рака, лицето ѝ било потполно уништено, а забите целосно ѝ се гледале. Затоа да може да го преживее закрепнувањето, таа морала да биде ставена во вештачка кома.

Поради ова, Оливија решила да поднесе тужба против продукцијата која го снимала филмот, „Болт пикчрс“ и продуцентите Пол Андерсон и Џереми Болт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот