ОТКАЗИ ПО ШТРАЈКОТ: Германската авиокомпанија отпушта 800 работници

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ најави дека ќе скрати 700 до 800 работни места во својата подружница „Аустријан ерлајнс“, повеќе од една десетина од работната сила, бидејќи се обидува да ги намали трошоците заради зголемената конкуренција.

Карстен Шпор, главениот извршен директор на „Луфтханза“, рече дека ќе заштеди до 90 милиони евра годишно до 2021 година.

„Аустријан ерлајнс“ соопшти дека намалувањето на работните места ќе се спроведува во наредните две години.

Најавата за намалување на работните места дојде откако „Луфтханза“ се соочи со голем штрајк на германскиот кабински екипаж во текот на минатата недела, поради што беа откажани околу 1.300 летови. Компанијата на „Твитер“ соопшти дека мора да откаже скоро 700 летови закажани за четвртокот и околу 600 летови за петокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот