Откажување или одложување: Коронавирусот им се заканува на Олимписките игри?!

Членот на ИОК, Дик Паунд смета дека Игрите ќе се откажат доколку коронавирусот е опасен за спортистите.

Членот на Интернационалниот олимписки комитет, Дик Паунд изјави дека доколку се покаже дека одржувањето на Олимписките игри во Токио ова лето е опасно поради епидемијата со коронавирусот, тогаш поголема е веројатноста Игрите ќе се откажат, отколку да се одложат и да се преместат за друг термин.

Паунд во интервјуто за новинаската агенција АП, оцени дека одлуката за одржување на Игрите во Токио мора да биде донесена во рок од три месеци, односно до крајот на мај.

– До мај годинава организаторите би требало да одлучат дали епидемијата со коронавирусот е под контрола на здравствените власти, тогаш Олимписките игри можат да се одржат – изјави Паунд, кој е поранешен претседател на ВАДА и учесник на ОИ.

Паунд повтори дека ставот на ИОК ќе биде во корелација со Светската здравствена организација кога станува збор за превземање на било какви чекори кои се однесуваат на судбината на Игрите.
Тој не верува дека одложувањето на Игрите во Токио е опција бидејќи не може да се одложи толку голема манифестација.

Според Паунд, исто така не се разгледува евентуално преместување на ОИ во друг град бидејќи ниту еден град не може во толку краток период не може да обезбеди се што е потребно за одржување на Игрите.

– ИОК основа фонд за вонредни ситуации од милијарда долари за непредвидени околности – вели Паунс кој исто така не е убеден дека Игрите би се одложиле за наредната година.

Олимписките игри во Токио, доколку состојбата со коронавирусот биде стабилизирана, треба да започнат на 24 јули и се очекува на нив да настапат повеќе од 11.000 спортисти, а на Параолимписките игри чиј старт е предвиден на 25 август се очекуваат околу 4.400 спортисти.

Олимписките игри во 1940 година требаше да се одржат токму во Токио, но поради втората светска војна тие се откажани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот