Откажани утрешните летови Атина – Скопје и обратно, поради штрајк на контролорите на летање

Авиони/ Фото: Архива на Слободен печат

Од грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс” соопштуваат дека се откажани летовите од и кон Скопје и од и кон Ларнака и уште 14 домашни летови.

Поради најавениот четиричасовен прекин на работа на Унијата на грчките контролори на летање и нивното учество во генерален штрајк организиран од Синдикатот на вработени во јавниот сектор во Грција, откажани се утрешните летови од Атина кон Скопје и обратно, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс” соопштуваат дека се откажани летовите од и кон Скопје и од и кон Ларнака и уште 14 домашни летови.

На атинскиот аеродром ќе нема летови во периодот од 11 до 15 часот по локално време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот