Откажани традиционалните манифестации за Водици во Охрид: Без литии, богослужби на отворено и масовно скокање по крстот

Фото: mia.mk

Епидемијата на коронавирусот и мерките за спречување на ширењето на заразата ги принуди Дебарско – кичевската епархија и Општина Охрид да ги откажат манифестациите што традиционално се одржуваа за одбележување на празникот Богојавление – Водици.

Манифестацијата на осветување на водите на Охридското Езеро и фрлањето на Чесниот крст, што беше возобновена по осамостојување на земјата, за првпат нема да се одржи. Тоа значи дека нема да има ниту литии од црквите кон пристаништето, ниту богослужба на отворено, како ни масовното скокање по крстот на Градското пристаниште.

Според информации од Дебарско-кичевската епархија, празникот Богојавление – Водици ќе биде одбележан духовно во црквите со утрински богослужби и осветување вода. Потоа свештеник од Варош таа света вода ќе ја истури во Езерото, со што тоа симболично ќе биде осветено.

Водици и Богојавленските празници, пред се скокањето по крстот и Денот на рибарите во Охрид беа најмасовно посетена верска манифестација во земјата, на која одредени години присуствувале повеќе десетици илјади верници, како од градот, од околните места, но и од странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот