Откажани сите летови во Хонг Конг поради протестите

Фото: EPA

Меѓународниот аеродром во Хонг Конг ги откажа сите летови поради протестите што траат веќе 10-та недела во таа држава. Ситуацијата денеска е влошена, јавија локални медиуми.

Од денеска откажани се сите слетувања и полетувања, соопштија од аеродромот.

Демонстрантите упаднаа во зградата на главниот терминал и оневозможуваат работа на аеродромот.

Неколку илјади демонстранти денеска се во таа зграда на аеродромот иако нивното протестирање таму требаше да заврши синоќа. Хонгконшката авиокомпанија Катај пасифик, се закани со отпуштања од работа на свои вработени кои ги поддржуваат, како што наведоа во соопштение, „незаконски протести”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот