Откажани сите летови од Грција кон северна Италија до 23 март 2020

Службата за цивилно воздухопловство на Грција, следејќи ги препораките на Министерството за здравство и Националната здравствена организација, денеска соопшти како превентивна мерка за заштита од Ковид-19 привремено одложување на сите летови од и кон северна Италија во следните две седмици, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретната мерка стапува во сила денеска, а ќе важи до 23 март 2020 и се однесува на летовите од сите грчки аеродроми и сите авиокомпании од и кон регионите Емилија Ромања, Пједимонте, Ломбардија и Венето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот