Откажана утрешната лидерска средба

Лидерската средба закажана за утре е одложена поради одбивањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да присуствува на неа. По седницата на Централниот одбор на СДСМ, извори од партијата го потврдиле ова за Дојче Веле.

На лидерската средба требаше да се расправа за Законот за обвинителство, пописот, Изборниот законик и други актуелни теми. Тоа на вечерашниот состанок на Централниот одбор на партијата го потврдил и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Образложението било дека без присуство на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски нема причина да се одржува состанокот на кој требаше да присуствуваат и лидерите на ДУИ и Алијансата на Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска потврдија дека Мицкоски не планира да се појави на средбата доколку на неа не се разговара за организирање предвремени парламентарни избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот