Откажана свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц

Фото: Инстаграм

Венчавката на најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, која беше планирана да се одржи на два одделни настани, во САД и во Велика Британија, за да можат да присуствуваат сите нивни пријатели, одложена е поради ковид-19 пандемијата.

Фото: Инстаграм

Младенците решија да ги одложат плановите за венчавката до 2022 година, бидејќи поради корона кризата се ограничени да ги поканат сите планирани гости. Иако првично најавија дека ќе се венчаат во септември 2021 година, а радоста да ја поделат со сите пријатели и роднини во САД и Велика Британија, тие сега сфатија дека ситуацијата е премногу ризична и решија да почекаат. Но многумина шпекулираат дека не е исклучена можноста Бруклин и Никола да се венчаат тајно, само раскошната забава да ја одложат за 2022 година.

инстаграм

Бруклин Бекам и Никола Пелц, ќерка на американскиот бизнисмен Нелсон Пелц, ја објавија свршувачката во јули оваа година, по само неколку месеци врска. За гламурозната свадба младоженецот реши браќата Ромео и Круз да му бидат кумови, додека сестра му Харпер Севн требаше да биде деверуша. За да остане сè во кругот на семејството задолжена беше Викторија, која на идната снаа ѝ го дизајнира венчалниот фустан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот