15 C
Скопје

Откажан првиот меч на Мундијалот: Службени 10:0 за Германија!

И официјално е откажан првиот натпревар на Светското првенство во Египет, односно нема да се игра денешниот дуел помеѓу Германија и Зеленортските острови.

Поради позитивни случаи на ковид-19 во редовите на африканската репрезентација, ИХФ одлучи да не одржува овој меч на Мундијалот.

Селекцијата на Зеленорските острови моментно нема 10 играчи и еден голман, а тоа е потребно за одигрување на еден натпревар според правилата на Светската ракометна федерација.

Донесена е одлука за службена победа од 10:0 во корист на Германците.

На табелата во групата „А“ Германија претходно славеше против Уругвај (43:14) и е на првото место со четири бодови. Второпласирана е Унгарија со два бодови и вечерва од 20.30 часот се очекува да ја оправда фаворитската улога против Уругвајците.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Феникс го изненади шампионот, 50. трипл-дабл во кариерата за Јокиќ

Поврзани вести

Само три клуба се опција за Халанд, меѓу нив не е Јунајтед

Слободен печат

Алушовски: Против Брест Мешков да го обезбедиме шестото место

Слободен печат

Антиќ: Не размислувам за оставка,не може да влеземе на терен да играме место нив 

Слободен печат

Пријави се на SINALCO PES Balkan лигата и играј за фонд од 5.000 евра!

СП.

„Западните медиуми не го сакаат Ѓоковиќ бидејки доаѓа од Балканот“

Слободен печат

Јокиќ: Фантастично да се биде покрај Вилт Чембрлен

Слободен печат

Остави Коментар