Откажан Грен слем турнирот „Вимблдон“

фото: твитер

Тоа требаше да биде 134 издание на еден од најголемите тениски спортски турнири во светот, а одлучено е новото издание да се одржи од 28 јуни до 11 јули 2021 година.

Поради пандемијата на коронавирусот откажано е годинашното издание на „Вимблдон“, кое требаше да се одржи во првата половина на јули, објавија организаторите.

Тоа требаше да биде 134 издание на еден од најголемите тениски спортски турнири во светот, а одлучено е новото издание да се одржи од 28 јуни до 11 јули 2021 година.

За првпат во 75 години, после Втората светска војна, се откажува овој грен слем турнир, а уште два големи спортски настани се презакажани за наредната година, Олимпијадата во Токио и Европското првенство во фудбал.

Претходно, „Ролан Гарос“ беше одложено, а беше најавено дека вториот Грен Слем од сезоната ќе се одржи од 20 септември до 4 октомври 2020 година. Засега ништо не се знае за „УС Опен“, кој е закажан за почетокот на септември.

Потсетување дека годинава на „Австралија опен“ триумфираа Новак Ѓоковиќ и Софија Кенин, а на ланското издание на „Вимблдон“ исто така најдобар беше Ѓоковиќ, а Симона Халеп во женска конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот