18 C
Скопје

Откажан бокс меч за титула поради бизарна причина – димензиите на рингот

Големиот боксерски спектакл кој е најавен за претстојниот викенд, најверојатно ќе биде откажан и тоа поради бизарна причина.
Британскиот боксер Били Џо Сандерс не сака да се бори со Мексиканецот Саул Канело Алварес бидејќи тврди дека димензиите на рингот не одговараат за професионална борба со голем влог, а тоа е шампионска титула.
Сандерс денеска не се појави на првото соочување и како што стојат работите најверојатно ќе се откаже од мечот во кој има шанса да дојде до шампионски појас.

– Ние сакавме димензиите на рингот да бидат околу 24 стапки (околу 7.3 метри), прифативме и 22 стапки, а потоа дознавме дека димензиите на рингот ќе бидат 18 стапки. Не се подготвувавме за ова, тоа не е ринг за професионални мечеви со голем влог – изјавија од тимот на Сандерс.
Сандерс и Канело Алварез наредниот викенд во Далас, САД, требаше да боксуваат за обедувањето на титулите во супер-средна категорија во верзиите ВБЦ, ВБА и ВБО.
Како што се најавува, местото на Сандерс може да го зазеде неговиот сонародник Џон Рајдер.

Поврзани вести

РФМ: Начевски за зборовите „ќе те колам“ доби дисциплинска санкција!

Слободен печат

Кубанецот Табоада е нов ракометар на Е. Пелистер

Слободен печат

Дали Тотенхем ќе ја прифати понудата од Манчестер јунајтед за Кејн?

Слободен печат

Легендата Стив Неш нема дилеми: Јокиќ е МВП оваа година!

Слободен печат

ВИДЕО: Падна рекорд стар 47 години, Вестбрук испиша историја во НБА лигата!

Слободен печат

Митревски го реши португалското дерби

Слободен печат

Остави Коментар