Рајан Саундерс повеќе не е тренер на Минесота тимбервулфс откако доби отказ по неполни две години поминати на клупата на тимот од Минеаполис.
Саундерс во мај 2019 година седна на клупата на Минесота и со 33. години стана најмладиот тренер во НБА лигата.
Тогаш потпиша повеќегодишен договор бидејќи челниците на екипата во него гледаа долгорочно решение, но лошите резултати оваа сезона му пресудија на Рајан Саундерс, кој е син на легендарниот тренер на екипата, Флин Саундерс.
— Minnesota Timberwolves (@Timberwolves) February 22, 2021
Минесота моментно е најслаба екипа во НБА лигата со скор од само седум победи и дури 24 порази, а натпреварот кој му пресуди на Саундерс е поразот од Њујорк никс. Саундерс предводејќи ја Минесота има скор од 43 победи и 94 порази.
Наследник на Рајан Саундерс ќе биде Крис Финич, кој е помошник на Ник Нурс во Торонто репторс.