Отказ за комуналецот кој го фрли ѓубрето во Вардар

По повод видео-материјалот објавен на неколку портали и на социјалните мрежи, каде што е прикажан вработен во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје како собраниот отпад го исфрла во реката Вардар, раководството на претпријатието ја информираше јавноста дека биле преземени сите мерки за расчистување на овој случај.

Станува збор за работник ангажиран во Одделението за одржување на јавната чистота, којшто сторил тежок дисциплински прекршок, притоа сериозно нарушувајќи го угледот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Од овие причини беше донесена одлука денеска – 10.06.2019 година, ова лице да биде отстрането од работното место соопштуваат од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Чистење на македонски начин (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот