Откако Уставен го укина мораториумот за градби, Општина Центар ќе продолжи со ревидирање на плановите

По вчерашната одлука на Уставен суд за укинување на мораториумот за изградба во Општина Центар, од општината реагираа дека ќе продолжат да ги ревидираат ДУП-овите.

„Општина Центар ќе продолжи со ревидирање на одлуките, иако беше доста полесно пред да биде укинат мораториумот. Општината со сите правни механизми ќе продолжи со дисциплинирање на парцелите за градење односно создавање на хумани и пристојни услови за живот за граѓаните. Во понатамошниот период општината како и досега ќе продолжи да инсистира на максимално запазување на параметрите при носењето на идните детални урбанистички планови“, изјавија за Слободен печат од Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот