Откако Трамп кажа дека „преговорите се мртви” талибанците заминаа на средби во Русија

Преговарачка екипа на авганистанските талибанци допатува во Русија, само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите со нив се „мртви”, пренесуваат американските медиуми.

Портпаролот на талибанците, Сухаил Шахин, изјави дека делегацијата веќе одржала консултации со Замир Кабулов, пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан.

Руските медиуми пренесуваат изјава на неименуван портпарол на руското Министерство за надворешни работи дека на состанокот во Москва била истакната неопходноста од повторно отворање на преговорите меѓу САД и талибанците  и дека оваа група ја покажала подготвеноста за продолжување на дијалогот.

Ова е прва меѓународна посета на талибанците откако пропаднаа преговорите со Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот