Откако Пикасо го гледал документарецот за земјотресот во Скопје во 1963, го насликал плакатот за југославенскиот филм „Битката на Неретва“ (ФОТО)

„Битката на Неретва“ е еден од најамбициозните филмови на поранешна Југославија. Најголемите sвезди на светот во тоа време, Јул Бринер, Франко Неро и големиот Орсон Велс им се придружија на актерските легенди во регионот, а постерот за филмот е творештво на Пабло Пикасо.

Филмот Битката на Неретва се смета за најдобар и најскап филм кој е снимен во Југославија. Постигна голем меѓународен успех, освои бројни награди и беше номиниран за Оскар.

На светски познатиот сликар шпански сликар Пабло Пикасо му било понудено да го изработи постерот за филмот.

Profimedia

Во тоа време сликарот го проследил документарниот филм Скопје ’63 од Вељко Булајиќ, посветен на катастрофалниот земјотрес во нашата престолнина. Документарниот филм ја доби наградата „Златна Нимфа“ од критичарите во 1964 година во Монте Карло.

Катастрофалниот земјотрес што го разурна Скопје низ фотографии и видеа

Претседателот на жирито бил француски учител, Марсел Ашард, кој бил сместен заедно со Пабло Пикасо и му покажал копија од филмот на Вељко во студиото. Пикасо дошол на завршната церемонија и му честитал на Вељко Булајиќ за документарниот филм за земјотресот во Скопје.

Прочитајте и...  Сестрата на Мараја Кери ја тужи мајка ѝ: Ме тераше на секс за време на сатанистички обреди

Наскоро Булајиќ му понудил на агентот на Пикасо да го праша дали би сакал да направи постер за филмот „Битката на Неретва“. Откако завшило снимањето и го изгледал филмот, проучувајќи ги настаните, Пикасо потврдил дека ќе го направи плакатот за „Битката на Неретва“ но и дека ќе го искористи неговото легендарно уметничко дело „Сабине“ во црвена боја за истиот.

The Rape of Sabine Women – Pablo Picasso (1962)

Кога Пикасо го прифатил предлогот филмската екипа се нашла во паника бидејќи морале да смислат како да му платат на Пикасо.

Познатиот уметник не барал никаков хонорар, единствено што побарал биле 12 одбрани шишиња вино од тогашна Југославија. Се вели дека причината за ваквата скромност е всушност неговата фасцинација за филмовите од тогашна Југославија, Пикасо бил голем фан на творештвото од регионот.

Прочитајте и...  Едноставен рецепт и за најнеискусните: Рижото со печурки

Инаку, плакатот за „Битката на Неретва“ е еден од единствените два филмски плакати зад кои стои потписот на Пабло Пикасо.

Постерот на Пабло Пикасо за југославенскиот филм „Битката на Неретва“ (1969)

На премиерата на филмот што се одржала на 29 ноември 1969 година, на отворањето на Центарот за култура и спорт „Скендерија“ во Сараево, покрај Тито и филмската екипа наводно присуствувале Софија Лорен и Омар Шариф.

Прочитај повеќе

Љубовната приказна на најголемата руска глумица и Сталин, влакно не ѝ фалело од глава за време на челичната диктатура

Слободен печат

И жените не се искрени во сексот: Ова се петте најчести лаги што ги кажуваат!

Васко Спасоски

Неверојатниот живот на Маја Плисецка, на турнеи одела гладна, а морала редовно да игра пред човекот кој го стрелал татко ѝ

Слободен печат

Џеки Чен ја призна вистината за себе: Бев вистински идиот кон жените

Слободен печат

Папараците ја уловија бившата на Џорџ Клуни на плажа во Сардинија (ФОТО)

Слободен печат

Моника Белучи на одмор во Грција: Прошета во фустан кој ова лето нема конкуренција (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најпознатата мачка од Истанбул: Гил 16 години живее во Аја Софија

Слободен печат

Пристигнуваат предупредувања дека вакцината против коронавирусот може да не биде ефикасна кај оваа група луѓе

Слободен печат

Климатски промени: Поради зголемување на температурата, целиот Балкан ќе стане ненаселива пустина

Слободен печат

Поранешната Мис на Југославија има 57 години и изгледа феноменално! (ФОТО)

Слободен печат

Првата дама на Македонија на отворањето на „Охридско лето“ во креација инспирирана од античкиот театар во Охрид

Слободен печат

Погледнете ја сликата: Што прво забележувате на неа?

Слободен печат