Откако ја победи УЕФА, Гвардиола влезе во војна на зборови и о првиот човек на Ла Лига

epa08523890 Manchester City Manager Pep Guardiola during the English Premier League match between Manchester City and Liverpool in Manchester, Britain, 02 July 2020. EPA-EFE/Laurence Griffiths/NMC/Pool EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Менаџерот на Манчестер сити молчеше кога УЕФА го казни неговиот тим поради финансиски малверзации, но кога одлуката беше поништена во Судот во Лозана, Гвардиола е најгласен и има одговор за дите кои го напаѓаа.

УЕФА во февруари годинава го казни Манчестер сити со двегодишна суспезнија од европските натпреварувања и парично со 30 милиони евра поради прекршување на финансискиот фер-плеј.

Во тој период менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола одлучи да не го коментира случајот и постојано велеше дека неговата задача е да се грижи за фудбалерите. Но, кога Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја поништи одлуката на УЕФА, токму Гвардиола е најгласен и на секого кој го напаѓаше неговиот клуб, сега му одговара на секого кој не се согласува со одлуката.

Гвардиола бара извинување од Мурињо и Клоп

Први на неговиот список беа менаџерите на Тотенхем и Ливерпул, Жозе Мурињо и Јирген Клоп од кои побара јавно извинување на клеветите, а сега влезе и во војна на зборови со првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас.

Тебас по дознавањето на одлуката изјави дека Судот во Лозана не е дораснат за вистински одлуки и го обвини Манчестер сити за „финансиски допинг“, а Гвардиола веднаш му реплицираше.

– Господинот Тебас мора да љубоморен на Премиер лигата, а изгледа е и експерт во право. Можеби следниот пат треба да го прашаме пред кои судии треба да одиме на да се жалиме. Тој треба да се фокусира на Ла Лига, Тебас е еден од оние луѓе кои се одлични кога работите им одат од рака. Но доколку одлуката е на негова штета тогаш има проблеми. Господине Тебас ние ќе играме во Лигата на шампионите наредната сезона – порача Гвардиола.

Но, ниту првиот човек на Ла Лига не му остана должен на како што вели „дволичниот“ Гвардиола.
– Сите знаеме што прави Манчестер сити. Голем број луѓе во европскиот фудбал не беа изненадени кога УЕФА го казни Сити. Не велам дека некој е среќен поради тоа, но верувам дека е голем бројот на тиа кои почувствуваа декаправдата е достижна и за клубови како Сити и ПСЖ. Од друга страна кога дојде одлуката од ЦАС своето незадоволство го изразија и Клоп и Мурињо. Како што тогаш кажа Клоп, ова е лош ден за фудбалот, Сити ќе игра во ЛШ бидеји Судот лошо ја заврши работата. Бо сакал да ја видам одлуката на ЦАС. ПСЖ и Сити се клубовите кои потрошија највеќе пари, но Манчестер сити не купуваше играчи со свои пари како што го прават останатите клубови. Работеа со пари кои ви клубот ги внесуваше нивниот спонзор. Тоа се фиктивни спонзори, како што е во случајот со Сити нивниот договор за правото на името на стадионот не вреди колку штои е платен и тоа создава нереална ситација за останатите. ЦАС е мртов, нивната е работа е спротивна на тоа што треба да биде, кај нив нема никаква транспарентност во работата – одговара Тебас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот