Откако го купи Алкантара, Ливерпул тропа на вратата на Барселона

твитер

Иако актуелниот англиски шампион скромно влезе во преодниот рок и без големи планови, се чини дека може да го заврши со неколку екстра засилувања.

„Црвените“ досега единствено го комплетираа трансферот на Костас Цимикас од Олимпијакос, а видендов се чека и официјално нов член да стане и Тијаго Алкантара, откако Ливерпул и Баерн Минхен се договорија за отштетата додека самиот фудбалер од порани ги имаше договорено личните услови.

Ливепрул не планира тука да застане и менаџерот Јирген Клоп сака да ја засили конкуренцијата на крилните позиции и за таа цел тропна на вратата на Барселона.

Каталонскиот весник „Спорт“ утрово објави вест дека Ливерпул ја контактирал Барселона со цел да започне преговори за позајмица на Осман Дембеле.

Клоп верува дека може да го врати Дембеле во живот и да го натера да ги прикажува игрите поради кои Барсеона плати 138 милиони евра со бонуси за Французинот.

Дембеле по доаѓањето на „Камп Ноу“ ги разочара сите, и фановите и соиграчите поради ноншарлантното однесување надвор од теренот и постојаните повреди кои се предизвикани од нездравиот начин на живот.

Ливерпул планира да го позајми Дембеле на една сезона и е подготвен да презеде целата негова плата, но Барселона засега се двоуми бидејќи бара гаранции од англискиот тим дека на крајот од сезоната ќе го откупи неговиот договор.

Доколку не дојде до договор, Ливерпул има план Б и тој се вика Исмаил Сар од Вотфорд. Сар не сака да игра во Чемпионшип додека Вотфорд нема намера да го пушти да си оди за помалку од 40 милиони евра, сума која претставува проблем за „црвените“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот