Откако Дачиќ протестираше, ЕУ од своите страници го тргна Тесла како Хрват

Српското министерство за образование објави дека се надева дека ваквите „грешки нема повеќе да се повторат“.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ упати вчера протестна нота до Марија Габриел, европски комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади, поради објава на страницата „ ЕU learning corner“. Дачиќ на еврокомесарот ѝ пиша зошто на наведената страница пишува дека Никола Тесла“ е „славен Хрват и еден од првите луѓе кои ги откриле ренгенските снимки“.

„Јас повеќе пати повторив дека ако Никола Тесла живееше во Југославија (во текот на Втората светска војна, би завршил во концентрациониот логор Јасеновац“, рече Дачиќ.

Денеска на наведената страница на Комисијата повеќе не стои реченицата која на Дачиќ и на Србија им беше спорна.

Српското министерство за образование објави дека се надева дека ваквите „грешки нема повеќе да се повторат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот