Отфрлено барањето на Нетанјаху: Нема поставување камери на избирачките места

Фото: Принтскрин

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не успеа во намерата да се легализира поставувањето камери на избирачки места со цел да се спречат изборни измами во арапските области.

Парламентарниот комитет го отфрли денеска предлог законот пред пленарната седница на Парламентот. Нетанјаху се залагаше законот да биде усвоен една недела пред изборите. Тој ги обвини противниците за заговор за „изборна кражба”.

Израелскиот премиер инсистира дека предлог законот е акт на транспарентност. Документот е критикуван со образложение дека Нетанјаху промовира расизам и негативно однесување кон арапската малцинска заедница.

Нетанјаху се повеќе ја прифаќа тактиката на американскиот претседател Доналд Трамп, критикувајќи ги медиумите, судството, полицијата и политичките противници, тврдејќи дека постои „заговор на елитата” да го соборат од власт.

Кабинетот на израелскиот премиер го одобри вчера предлог законот со кој се одобрува поставување камери на избирачките места за време на изборите кои ќе се одржат следната недела, а неговите противници тоа го сметаат за заплашување на гласачите Арапи.

На претходните избори партијата Ликуд на Нетанјаху испрати монитори опремени со камери во неколку избирачки места каде има мнозинство арапски гласачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот