Отфрлени заклучоците на Република Српска за границата со Федерацијата БиХ

Со овој заклучок, Народното собрание на Република Српска ја задолжи Владата на Република Српска да ги продолжи започнатите преговори со Владата на Федерацијата БиХ со цел дефинирање на граничната линија на ентитетот, во согласност со Анекс два од Општиот рамковен договор за мир во БиХ.

Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина Фадил Новалиќ ги отфрли заклучоците на Народното Собрание на Република Српска во врска со дефинирање на граничната линија помеѓу Република Српска и Федерацијата  БиХ .

Тој јасно стави до знаење дека Федерацијата БиХ не учествувала и нема да учествува во какви било разговори во врска со граничната линија, пренесува Фена.

Со овој заклучок, Народното собрание на Република Српска ја задолжи Владата на Република Српска да ги продолжи започнатите преговори со Владата на Федерацијата БиХ со цел дефинирање на граничната линија на ентитетот, во согласност со Анекс два од Општиот рамковен договор за мир во БиХ.

Беа донесени осум заклучоци, со кои Националното собрание на РС ги обврзува, меѓу другото, претставниците на РС во институциите на БиХ да предложат во Парламентарното собрание на БиХ усвојување на Законот за престанок на мандатот на странските судии и избор на домашни судии во Уставниот суд на БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот