Отфрлена кривичната против водителката Лила Стојановска

Фото: Слободен печат

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против водителката Лила Стојановска, a која ја поднесе градежната фирма „Дан-Мак“. Од компанијата обвинуваа дека им биле земени 250.000 евра за наводно учество во ЕУ проекти, а Стојановска тврдеше дека парите се вратени до последниот денар, за што приложи и уплатници.

Од Скопското јавно обвинителството за „Фокус” ја потврдуваат информацијата.

-Во поглед на кривична пријава поднесена на 3 април 2018 година од правното лице Изградба инженеринг Дан-Мак ДООЕЛ Скопје против лицето за кое прашувате, а за сторено кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, ве известуваме дека Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое се отфрла кривичната пријава бидејќи пријавеното дело не е кривично дело кое се гони по службена должност, велат од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот