Освоиле 500.000 ДОЛАРИ на лотарија, а уапсени се за кражба – Мислеле дека се обезбедени за цел живот, а сега немаат пари НИТУ за адвокат

Фото: Принтскрин

Момче и девојка од Мичиген кои пред некоја година освоиле дури 500.000 долари на државната лотарија, се обвинети за провала и кражба.

Мичел Арнсволд (29) и Стефани Харвел (28) се обвинети за повеќе провали во куќи кои ги обивале со алатки, а за секој од нив е одредена кауција од 50.000 долари.

Парот е уапсен во петокот непосредно по кражбата во Мерит Тауншип на околу 180 километри од Детроит, за потоа да биде утврдени дека тие вршеле криминал во пет околни населби во минатите неколку месеци.

Како што соопштил судот, ниту Мајкл, ниту Стефани немаат адвокат.

Кога Стефани ја освоила премијата од пола милион на грепка која чинела 5 долари, на почетокот на 2016 година, рекла дека почувствувала неверојатно олеснување, бидејќи таа и нејзиниот маж буквално едвај составувале крај со крај.

Грепката која ја купиле на бензинската пумпа, наводно им го сменила животот, но испаднало дека богатството многу кратко им траело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот