Освоен Бирмингем, Барти е прва тенисерка на светот! – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Освоен Бирмингем, Барти е прва тенисерка на светот!

Ешли Барти (23) која се промовираше како прва австралиска тенисерка со триумф на „Ролан Гарос“ во последните 46 години, од понеделник ќе прва на ВТА.

Интересен е податокот што после 43 години на врвот на светската листа ќе се најде повторно австралиска тенисерка, во овој случај Барти.

Единствената нејзина сонародничка која се наоѓаше на светскиот врв беше Ивон Гулагонг од 26 април до 10 мај 1976 година. Компјутерското пресметување на поените за тенисерки стартува од 1975 година.

Барти ова водство го обезбеди после освојувањето на турнирот на трева во Бирмингем. Во големото финале со 6:3 и 7:5 ја совлада Германката Јулија Гергес.

Играше како второпласирана, а ќе ја смени Јапонката Наоми Осака на првото место која пак испадна уште во второто коло.

Еве уште еден интересен факт, пред Барти дури 26 тенисерки биле на врвот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close