Осветлено детското катче во Паркот на бранителите во Драчево

Фото: Фејсбук

Со осветлувањето на просторот се зголеми комодитетот, но и безбедноста на посетителите

Просторот наменет за детска игра во Паркот на бранителите во Драчево е осветлен. Општина Кисела Вода во ова детско игралиште постави четири петметарски столбови со светилки кои ќе овозможат истото да се користи до подоцнежните часови.

Ова детско катче е многу често посетувано од страна на локалното население. Во самиот комплекс има и клупи кои најчесто ги користат родителите, кои се придружба на најмладите. Со осветлувањето на просторот се зголеми комодитетот, но и безбедноста на посетителите. Интервенциите во подобрување на условите и креирање на нови детските катчиња, активно течат. Во изминатиот период, Општина Кисела Вода темелно реконструираше две детски игралишта. Првото, лоцирано на улицата Димо Хаџи Димов, а второто во урбаната заедница 11 Октомври Бараки, во близина на булеварот Борис Трајковски – информираат од оваа скопска општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот