Освен пандемијата зимава на Балканот му се закануваат и катастрофални поплави

На подрачјето на Балканот би можело да дојде до сериозни поплави на зима, предупреди денеска сајтот Акуведер, кој се занимава со метеоролошки прогнози во светот.

Овој американски сајт, со седиште во местото Стејт Колеџ во Пенсилванија, изнесе детална прогноза за престојната зима. Се наведува дека на Балканот би можело да има многу дожд, а малку снег. Според зборовите на Алан Репер, искусниот метеоролог кој работи за Акуведер од 2001 година, оваа зима ќе има повеќе бури во јужна Европа.

„Во споредба со оние што ги видовме претходните години, Шпанија, Португалија, југот на Франција – сите ќе бидат погодени од бури“, рече Репер.

Според неговите зборови, најзагрозени градови би можеле да бидат Лисабон, Мадрид, Барселона, Ница, Рим, Атина и Букурешт.

„Обилните дождови ќе помогнат во одгледувањето маслинки во Португалија и Шпанија, но ќе ги загрозат животите на луѓето во јужна Европа. Ова се бури кои не се движат многу брзо, сепак, од таа причина тие се поопасни и побавно доаѓаат од Шпанија во Италија, а потоа “на Балканот и на крајот на Турција или Украина. Таквите бури можат да направат поголема штета, не е како да гледаме бури на север, кои се движат многу побрзо”, рече Репер.

Бавниот развој на бури ќе предизвика зголемен ризик од поплави, особено во северна Италија и Западен Балкан, додаде тој. Поплавите беа сериозен проблем за делови од јужна Европа веќе некое време во текот на есента, кога бурата Алекс го премина регионот и предизвика бројни поплави. Бурите нема да им донесат радост на љубителите на снегот, особено на Алпите.

„Со скоро сигурност можам да кажам дека Алпите ќе бидат со помалку снег, особено италијанскиот дел од овој масив“, заклучи Репер.

„Обилните дождови ќе помогнат во одгледувањето маслинки во Португалија и Шпанија, но ќе ги загрозат животите на луѓето во јужна Европа. Ова се бури кои не се движат многу брзо, сепак, од таа причина тие се поопасни и побавно доаѓаат од Шпанија во Италија, а потоа на Балканот и на крајот во Турција или Украина. Таквите бури можат да направат поголема штета, не се како да ги гледаме бурите на север, кои се движат многу побрзо”, рече Репер.

Бавниот развој на бури ќе предизвика зголемен ризик од поплави, особено во северна Италија и Западен Балкан, додаде тој. Поплавите беа сериозен проблем за делови од јужна Европа веќе некое време во текот на есента, кога бурата Алекс премина кон регионот и предизвика бројни поплави. Бурите нема да им донесат радост на љубителите на снегот, особено на Алпите.

„Речиси со сигурност можам да кажам дека на Алпите има помалку снег, особено на италијанскиот дел од овој масив“, заклучи Репер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот