Осумте основни училишта се подготвени за почеток на новата учебна година

Училиште, училниц
Празна училница /Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Осумте основните училишта на територија на Општина Центар се подготвени за почетокот на новата учебна година, истакна денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и раководителката на општинскиот Сектор за јавни дејности, Јагода Јанковска на одржаниот онлајн состанок.

Опремени се и со вкупно 68 интерактивни (смарт) табли, 134 десктоп компјутери, 85 преносливи (лап топ) компјутери, 12 таблети, 65 ЛЦД проектори и 49 скенери, кои им се на располагање и на наставниот кадар, но и на учениците кои посетуваат настава. Дополнително, обезбедени се 78 принтери, 20 скенери, 26 фотокопири и 5 тн. мимио уреди.

Градоначалникот Богдановиќ и раководителката Јанковска ја информираа министерката Царовска и за претстојните инвестиции кои ќе бидат реализирани во наредниот период, односно одвоените еден милион денари за набавка на нагледни средства и два милиони денари за набавка на нови 28 интерактивни (смарт) табли за потребите на основните училишта.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот