Осумнаесетгодишник ранет со остар предмет во Жена-парк во Тетово

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок од Законот за оружје, информираа од МВР.

Осумнаесетгодишен тетовец е ранет со остар предмет синоќа околу 23 часот во Жена-парк во Тетово, откако имал вербална расправија со две лица. Повредениот е хоспитализиран во тетовската болница, а СВР Тетово информира дека за настанот едно лице е лишено од слобода.

-Во СВР Тетово било пријавено дека во Жена-парк, на ул. „Борис Кидрич” во Тетово, дошло до вербална расправија која преминала во физичка пресметка помеѓу М.С. (18) од Тетово, од една страна, и Р.З. и К.В. од друга страна. Притоа, Р.З. со остар предмет му нанел убодни рани на М.С. Полициските службеници од СВР Тетово веднаш го лишиле од слобода Р.З., кој по насоки на Јавен обвинител е задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка, соопшти СВР Тетово.

Службеници на СВР Тетово извршиле увид на местото на настанот и сега следува документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот