Осуммина терористи осудени на смртна казна за напад на претседателската гарда во Тунис

Поради лошата ситуација во која се наоѓа државата, во Тунис се уште во сила е вонредна ситуација.

Тунискиот суд осуди осум лица на смртна казна за напад на автобус со членови на претседателската гарда во 2015 година, за кој одговорност тогаш презеде терористичката организација Исламска држава.

Од десетмина обвинети во тој случај, само четворица се појавија на суд, а останатите се во бегство или осудени во отсуство.

Сите осудени се прогласени за виновни за убиство и членување во терористички организации.

Тунис, по револуцијата во 2011 година се соочува со низа жестоки операции од страна на припадници на џихадистички движења. Во нападите на екстремните исламисти досега животот го загубија десетици полицајци и војници, но и цивили и странски туристи.

Поради лошата ситуација во која се наоѓа државата, во Тунис се уште во сила е вонредна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот