Осумгодишно девојче кое исчезна лани во Германија, пронајдено во стан во Хрватска

Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

Заедничко соопштение за медиуми од Државното обвинителство во Хајлброн – филијала на Швобиш хол и полицијата во Ален – објави дека налогот за потрага по исчезнатото 8 -годишно девојче се повлекува.

Како што објави полицијата во Ален, мајката и осумгодишната Тара Р. побегнале во Хрватска, пренесува Феникс Магазин. Пронајдени се во стан, а не е соопштено во кој град.

Локалните власти сега се грижат за Тара Р. додека осумгодишното девојче не се врати во Германија. Нејзината мајка е уапсена.

Тара Р. исчезна во септември 2020 година, а полицијата јавно ја бара девојката од јануари 2021 година. Полицијата не соопшти повеќе детали за случајот.

Извор: Феникс Магазин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот