Осумдневен притвор заради закани кон кандидат за градоначалник

Фејсбук
Социјалната мрежа Фејсбук / Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Осумдневен притвор му е одреден на 27-годишен прилепчанец поради закани упатени кон кандидат за градоначалник на Прилеп и неговото семејство преку социјалната мрежа Фејсбук.

Основното јавно обвинителство Прилеп информира дека повело постапка за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” против осомничениот, кој биле приведен вчера на граничниот премин Табановце при влез во државава и предаден на испитување во Обвинителството.

Од ОЈО дополнуваат дека во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за определување на мерка притвор против осомничениот, а судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп го прифатил предлогот и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.​

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот