Осумчлено семејство загина во израелски напад во Газа

Уништено училиште на Обединетите нации по воздушен напад во бегалскиот камп Ал Нусејрат, централен Појас Газа, / EПА

Осумчлено семејство е убиено во израелски напад врз централниот дел на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските медицински претставници.

Куќа во бегалскиот камп Нусејрат беше погодена во напад во Газа доцна синоќа, при што загинаа родителите и нивните шест деца, на возраст од осум до 23 години, соопшти болницата Ал Акса.

Се наведува дека се ранети уште седум лица, меѓу кои две жени и едно дете кои се во критична состојба.

Во северниот дел на Газа, израелските воздушни и копнени сили ја нападнаа Џабалија, каде што милитантите се прегрупираа, според војската.

Израел нареди целосна евакуација на северниот дел на Газа, вклучувајќи го и градот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот