Осум жени пронајдени во два објекта во Добридол, се сомничат за проституција

фото: Илустрација

Осум женски лица, од кои три државјанки на Северна Македонија и пет странски државјанки се пронајдени при претрес на полицијата во угостителски објект во селото Добридол, гостиварско, како и во куќата на сопственикот.

Тие се приведени поради сомнение за посредување во проституција. Во акциската контрола која е спроведувала од синоќа во 23 часот до изутринава во 3:20 часот, учествувале полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од МВР.

Извршена е контрола во угостителски објект во Добридол,  гостиварско, како и претрес во куќата на сопственикот Н.Р.(50).

Во објектот и куќата биле затекнати осум женски лица, од три државјанки на Србија, една од Црна Гора и една од Хрватска на возраст од 20 до 31 година, како  и три македонски државјанки на возраст од 35 до 43 години.

Тие се приведени и задржани во Полциската станица Гостивар, поради сомение за нивна инволвираност во кривично дело „посредување во вршење проституција”, казниво по чл.191 од КЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот