Осум загинати во смртоносен пожар во Москва

Најмалку осум лица загинаа во голем пожар во деловна зграда во близина на Москва, јавува државната новинска агенција „Тас“.

Официјални лица за итни случаи изјавија дека само едно лице е спасено од пожарот во запалената зграда во Фрјазино, околу 25 километри североисточно од главниот град,пренесува „BBC“.

Две лица загинаа откако скокнаа од прозорец, додека шест загинаа кога внатрешноста на просториите во деловната зграда се урнаа во пожарот, изјави претставник на локалната служба за итни случаи.

Снимката на интернет покажува густ чад што извира од горните катови на осумкатниот комплекс.

Во зградата некогаш бил сместен Институтот за истражување Платан и одбранбената индустрија, пренесуваат руските медиуми.

Регионалниот гувернер Андреј Воробјов изјави дека 34-годишен маж е пренесен во болница во тешка состојба, додека двајца пожарникари исто така се згрижени поради повредите здобиени во пожарот. Локалните служби за итни случаи соопштија дека мажот е единственото лице кое било спасено од пожарот.

Претставници на Министерството за вонредни состојби изјавија дека над 100 пожарникари и два хеликоптери работат на гаснење на пожарот.

Засега не е јасно што го предизвикало пожарот, но еден очевидец изјавил за Тас дека избувнал на шестиот кат пред да се прошири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот