Осум симптоми на мајмунските сипаници на кои треба да внимавате

Фото: Профимедиа

Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од вирус сличен на вирусот на големи сипаници, но не се шири меѓу луѓето така ефикасно и помала е смртноста отколку кај големите сипаници.

Како се пренесува болеста?

Природниот резервоар на вирусот најверојатно се некои видови верверици и други глодари во дивината во земјите на Централна и Западна Африка. Иако болеста се нарекува мајмунски сипаници, се чини дека мајмуните не се резервоар на вирусот, туку случајно се заразуваат, како и човекот, во контакт со други животни и нивните секрети. Болеста преминува на луѓето во контакт со секрети од болни животни преку слузницата или оштетената кожа на човекот. Исто така, може да се пренесе преку каснување или гребаница од болно животно.

Од човек на човек болеста може да се пренесе по капков пат (близок контакт) и контакт со кожни промени што се појавуваат кај заболениот. Болеста кај луѓето најчесто се појавува во руралните средини во некои држави на централна и западна Африка.

Мајмунските сипаници повремено се појавувале надвор од Африка, најчесто кај патници што се заразиле во Африка и кај лица што биле во близок контакт со нив (делеле домаќинство, ги негувале…). Во САД, во 2003 година е забележана епидемија на мајмунски сипаници меѓу деца и млади луѓе штосе заразиле преку контакт со прериски кучиња (глодар), кои биле заразени од глодари увезени од Гана.

Во мај оваа година, во Велика Британија откриени се четири случаи на мајмунски сипаници, од кои еден е импортиран од Африка, а другите три не; во Португалија, Шпанија и Италија се потврдени неколку случаи на мајмунски сипаници.

Засега сите заболени се мажи, а поголемиот процент се смета дека се заразиле при полов однос во мажи.

Симптоми и лекување

Болеста се манифестира со:

1. Зголемена телесна температура
2. Главоболка
3. Треска
4. Исцрпеност
5. Замор
6. Болки во мускулите и грбот
7. Отекување на лимфните јазли и
8. Осип што личи на оној што се јавува кај варичела

Се смета дека вакцинацијата против големи сипаници обезбедува солидна заштита од мајмунски сипаници, но не е познато колку долго трае заштитата по вакцинацијата. Така што не е познато дали луѓето што се вакцинирани против големи сипаници имаат денес некаква корист од тоа. Вакцинацијата против големите сипаници кон крајот на седумдесеттите и почетокот осумдесеттите е укината во целиот свет, по прогласувањето на искоренување на големите сипаници.

Со оглед на тоа што сега болеста во Европа, очигледно, почна да се шири меѓу мажите што имаат полови односи со мажи, постои можност за внесување и од овие земји. Меѓутоа, треба да се има предвид дека болеста не е многу заразна, односно во повеќето случаи е потребен многу близок контакт со заболениот.
Лекувањето е симптоматско и во повеќето случаи болеста поминува за две до четири недели.

Големата е разликата помеѓу големите сипаници и мајмунските сипаници во тоа што големите сипаниците биле антропоноза, т.е. човекот бил единствениот домаќин и резервоар на вирусот.

Благодарение на овој факт, болеста можела да се искорени со вакцинација. Од друга страна, мајмунските сипаници се зооноза, односно природен домаќин и резервоар на вирусот се дивите животни и затоа не би било можно да се искорени болеста дури и да постои ефикасна вакцина.

И што е најважно, преносот на мајмунските сипаници од човек на човек е мошне помалку ефикасен од преносот на големите сипаници, т. е. мајмунските сипаници се мошне помалку заразни од големите сипаници. Ова е причината поради која при епидемии на мајмунски сипаници, кои повремено се појавуваат, не се прибегнува кон масовна вакцинација со вакцината против големи сипаници.

Што се мајмунски сипаници

Во Грција потврдени вкупно седум случаи на мајмунски сипаници

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот