Осум нови случаи на коронавирус во земјава, едно лице почина и 21 се оздравени

epa08334713 A newly infected patient with coronavirus (COVID - 19) arrives with ambulance in the University Clinic for Infectious Diseases, in Skopje, Republic of North Macedonia, 31 March 2020. According to officials, number of infected people with coronavirus (COVID - 19) is 329 and 9 deaths in North Macedonia. EPA-EFE/NAKE BATEV

Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент и тоа во Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.

Во ГОБ „8 Септември” почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години, која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се осум нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1 и Велес-4.

Согласно ова, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.

Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 515
Куманово – 401
Дебар – 51
Штип- 34
Прилеп –159
Тетово – 90
Струга – 67
Велес – 81
Битола – 19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино – 9 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод – 2
Пехчево – 2
Делчево – 1
Валандово – 1
Виница – 2
Кратово –1

Направени се 185 теста и тоа преку: ИЈЗ –79, Ветеринарен факултет -3 , Авицена –9, Биотек -33, Клиника „Жан Митрев” –27, Систина со PCR метода  – 17 и МАНУ -17.  Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на Ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 Септември”, а вкупно се хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација еден.

Во ГОБ „8 Септември” примени се четворица нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 14. На респираторна машина се тројца пациенти, а уште четири се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, а уште тројца се следат на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на Ковид-19, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот