Осум минути се слушаше само дишење: Aмериканска детска телевизија ги поддржа протестите на необичен начин (ВИДЕО / АУДИО)

На симболичен начин е претставено времето колку што Џорџ Флојд молеше за својот живот.

Протестите во САД ги поддржа и американската детска телевизиска станица „Никелодијан“, со порака која е необична за најмладите, па така децата имаа можност да слушаат само дишење осум минути и 46 секунди и да го гледаат натписот на цел екран: „Не можам Дишам “.

Имено, Џорџ Флојд, поради чие убиство започнаа протестите ширум САД, толку долго молеше за неговиот живот.

Неколку ТВ мрежи, вклучително и MTV и VH1, ветија дека ќе ја искажат својата поддршка за протестите со емитување на речиси девет минути звук од дишење, додека последните зборови на Флојд „Не можам да дишам“ се прикажани на цел екран.

Детската ТВ станица „Никелодијан“ го престана емитувањето на програмата за осум минути и 46 секунди во понеделникот вечерта. И времетраењето на прекинот на програма не беше случајно.

Гневот од САД се пресели во Европа: Демонстрации во Париз против расната неправда и полициската бруталност (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот