Осум милиони евра помош за Сирија од Белгија

Белгиската влада / Фото: Архива

Белгиската влада одобри хуманитарна помош во износ од осум милиони евра за Сиријците откако министерката за развој и соработка го посети бегалскиот камп во Јордан, јави дописничката на МИА од Брисел.

Кампот во Заатари, во северен Јордан, на граница со Сирија, прима околу 80 илјади сириски бегалци од кои половина се деца, информираа од кабинетот на министерката Мерјам Китир. Во бегалскиот камп се раѓаат неделно 80 бебиња во просек.

По нејзината посета на кампот, министерката Китир оцени дека на Сирија треба да продолжи да и се помага сѐ додека не се изнајде политичко решение. Таа истакна и дека Ковид пандемијата дополнително ја влоши состојбата, посебно за децата.

Дел од овие осум милиони евра хуманитарна помош ќе бидат одвоени за програми на Обединетите Нации, друг дел за невладините организации кои работат на терен. Белгија ветува дека ќе бидат воведени механизми за контрола за да се знае каде одат парите. Најголем дел од белгиската помош ќе биде насочена за североисточниот дел на Сирија каде најтешко пристигнува хуманитарната асистенција

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот