Осум кандидати за нови обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

Основно јано обвинителство/ фото: Слободен печат / Драган Митрески

За пет нови места за обвинители во Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Советот на јавни обвинители доставени се осум кандидатури.

Конкрусот официјално, како што велат од Советот на јавни обвинители за МИА, вчера е завршен и во следниот период ќе бидат разгледени кандидатурите.

Во април годинава Советот на јавни обвинители донесе одлука за избор на пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.

За обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Советот ги избра обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Колариќ.

Видео на денот